• недела, 22 декември 2024

И Португалија одобри продажба на Челзи

И Португалија одобри продажба на Челзи
  Лисабон, 26 мај 2022 (МИА) – Португалската Влада денеска одобри продажба на англискиот фудбалски клуб Челзи во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович, кој од лани има и португалски пасош. Дозвола за продажба на клубот од Лондон претходно дадоа и Премиер лигата и британската Влада, но истото, поради санкциите кон Русија, мораше да го стори и Владата во Лисабон. - Двете тела, Министерството за надворешни работи и Министерството за финансии, дадоа зелено светло на барањето на Роман Абрамович за продажба во хуманитарни цели, овозможувајќи му на англискиот клуб да изврши трансакција, се наведува во соопштението на Владата на Португалија. Конзорциум предводен од американскиот милијардер Том Боли ќе го купи Челзи за 4.25 милијарди фунти, а средствата ќе идат наменети во хуманитарни цели за Украина. ег/

Остани поврзан