• сабота, 16 ноември 2024

И понатаму активен вулканот на Ла Палма

И понатаму активен вулканот на Ла Палма
Тенерифе, 4 октомври 2021 (МИА) - Се зголеми протокот на лава кон морето откако се урна дел од вулканот на Ла Палма, објави денеска шпанската државна телевизија РТВЕ. Лавата досега уништи повеќе од илјада згради и во голема мера го оштети земјоделството и инфраструктурата на островот. Премиерот на Шпанија, Педро Санчез најави програма за помош на погодените од вулканот во висина од 206 милиони евра. Поради вулканот повеќе од 5.500 луѓе беа принудени да ги напуштат домовите. Вулкан во јужниот дел на Ла Палма, што е помалку посетуван од туристи за разлика од другите Канарски Острови како Тенерифе, Гран Канарија, Фуертевентура или Ланзароте, еруптираше на 19 септември, првпат по 50 години. Вулканолозите во моментов не можат да одредат колку долго ќе биде активен. ми/

Остани поврзан