• среда, 22 јануари 2025

„И покрај се“ е овогодинешното мото на 42. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

„И покрај се“ е овогодинешното мото на 42. издание на фестивалот „Браќа Манаки“
Скопје, 1 сптември 2021 (МИА) – „И покрај се“ е овогодинешното мото на 42. Издание на Фестивалот „Браќа Манаки“ кој има за цел популаризирање на македонската филмска култура и културно наследство во светот. Како што истакна новиот директор на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски поради состојбата со пандемијата фестивалот претрпел доста измени. -Овие околности влијаеа на два фактори, прво мораше да биде хибриден, големите настани решивме да ги направиме на отворено, програмата беше скратена поради кратењето на буџетот, воедно имаме и скратен бројот на денови во кои ќе се одржува фестивалот, изјави Дамевски. Потенцира дека македонската кинематографија се наоѓа во златна доба во која се нижеле успешни филмски проекти. -По мое мислење се наоѓа во една златна доба, бидејќи никогаш во историјата на нашата кинематографија не сме имале толку успешни филмски проекти еден по друг во последните четири до пет години, речиси да нема година кога наш филм не игра на светски познатиот и реномиран фестивал „Санденс“ имаме филмови кои се номинирани за Оскар, појасни директорот. Тимот кој што го органзизира фестивалот смета дека ова е причина поради која треба, односно мора да се одржи фестивалот. Информираат дека во официјалната конкуренција ќе има 10 долгометражни филмови и 10 краткометражни. Според Игор Иванов, претседател на ДФРМ, разноликоста во државава е всушност тоа со кое треба да се гордееме. -Нашето најголемо богатство е таа разноликост на култури  и етникуми кои ги имаме, а по мое видување и во доменот на уметноста онаа што предничие секако ромската, вели тој. свс/бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан