• среда, 22 јануари 2025

И командантот на Јужната команда на израелската војска, генерал Јарон Финкелман, најави оставка

И командантот на Јужната команда на израелската војска, генерал Јарон Финкелман, најави оставка

Тел Авив, 21 јануари 2025 (МИА) - Командантот на јужната команда на израелската војска, генерал-мајор Јарон Финкелман денеска го информираше началникот на Генералштабот, генерал-полковник Херзи Халеви, дека има намера да поднесе оставка.

Тој тоа го направи откако Халеви соопшти дека во март ќе поднесе оставка на должноста.

Финкелман како причина за неговата оставка ја наведе својата одговорност за неуспесите на израелските одбранбени сили (ИДФ) што доведоа до нападот на палестинските екстремисти на 7 октомври 2023 година, предводени од исламистичкиот Хамас во јужен Израел.

„На 7 октомври не успеав да го одбранам западен Негев и неговите сакани и херојски жители. Тој неуспех ќе биде врежан во моето сеќавање до крајот на мојот живот“, објави Финкелман, објавија израелските медиуми, алудирајќи на денот кога беа убиени околу 1.200 и беа земени над 250 заложници и однесени во Газа, каде се уште се држат околу 90, но се знае дали сите се живи.

„Заради одговорноста кон државата Израел, ИДФ и нејзиниот народ, оттогаш дејствував за да водам војна против Хамас и терористичките организации во Газа. Мораме да продолжиме да го напаѓаме непријателот, да ги вратиме сите наши заложници во нивните домови и заедници во нивното вистинско место на безбедност и просперитет“, додаде Финкелман.сд/

фото:ИДФ

Остани поврзан