• понеделник, 23 декември 2024

ИЈЗ ја одбележува Светската недела на доење

ИЈЗ ја одбележува Светската недела на доење

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Институтот за јавно здравје дава поддршка и ја одбележува Светската недела на доење, што трае од 1 до 7 август. Темата под која ќе се одбележи овогодинешната недела е „Премостуваме разлики: поддршка за доење, за сите!“

- Со кампањата во светски рамки се опфаќаат сите мајки и нивните различности во текот на нивното патување во мајчинството и доењето, прикажувајќи ги начините на кои семејствата, општествата, заедниците и здравствените работници можат да ги заштитат мајките доилки. Оваа година се става акцент на видливост на мајките кои дојат, да се даде грижа и поддршка да бидат видени и слушнати и да ги споделат своите добри пракси за доењето и важноста на поддршката на повеќе нивоа. Светската алијанса за акција за доење (WABA), во текот на Светската недела на доење#WBW2024 ќе се фокусира на преживување, здравје и благосостојба, ќе ја покаже потребата од подобрување на поддршката за доење, за да се намалат нееднаквостите што постојат во општествата, со посебен фокус на доењето во време на итни случаи и кризи. Од суштинско значење е никој да не биде запоставен, особено мајките од ранливите заедници, се наведува во соопштението на ИЈЗ.

Како што додаваат, поддршката вклучува политики и ставови што позитивно ќе одговорат на жените кои дојат, систем за здравствена заштита прилагоден за жените и доењето, почитување на автономијата на жената и на нејзиното право да дои во секое време, каде и да е, солидарност и поддршка од заедницата.

- До шестмесечна возраст, хранење на доенчињата со мајчино млеко и ништо друго, им гарантира извор на храна - уникатно прилагоден на нивните потреби за хранливи материи, а истовремено е безбеден, чист, здрав и достапен, без разлика каде се наоѓаат. Постојат активности што сите може да ги преземеме, им помагаат на жените да дојат онолку долго колку што сакаат. Заштита, промоција и поддршка за доењето, адресирајќи ги нееднаквостите кои стојат на патот на одржливиот развој, пишува во соопштението.

Се додава дека за поддршка на мајките, потребо е тие да дојат во кое било време, да се нормализира и да не се цензурира доењето во јавност, ефективни породилни права, што не ги принудуваат жените да бираат помеѓу семејството и професијата, обучени здравствени работници кои можат да пружат почит, помош, поддршка на жени кои дојат, како и крај на експлоататорски промоции на бебешко млеко во секој контекст.

- Светската недела на доење почна со одбележување во 1992 година, со годишни теми, вклучувајќи ги и здравствените системи, изработка на меѓународен кодекс за маркетинг за адаптирано млеко, поддршка од заедницата, екологија, економија, наука и образование како и теми од човекови права. Од 2016 година, Светската недела на доење е усогласена со Целите за оддржлив развој (SDG).  Во 2018 година, резолуцијата на Светското здравствено собрание ја одобри Светската недела на доење како важна стратегија за промовирање на доењето, потсетуваат од Институтот.

Светската недела на доење се одбележува секоја година во првата недела од август, поддржана од СЗО, УНИЦЕФ, Министерството за здравство, како и партнери од граѓанскиот сектор. бд/нд/

Фото: Институт за јавно здравје

Остани поврзан