• недела, 22 декември 2024

ИЈЗ: Меланом - најопасен облик на рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

ИЈЗ: Меланом - најопасен облик на рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Скопје, 30 април 2024 (МИА) - Меланомот е најопасен облик на рак на кожа, а може да се излечи доколку се открие навреме, порачуваат од Институтот за јавно здравје денеска, во пресрет на мај - месецот на борба против ракот на кожата.

- Иако меланомот може да ги зафати сите делови на кожата од телото, сепак тој најчесто се јавува на деловите од телото што се најмногу изложени на сонце, предупредуваат од Институтот.

Постојат повеќе начини за луѓето да се заштитат од ризик факторите, поврзани со меланомот. Како што наведуваат од Институтот, треба да се избегнуваат најтоплите часови во текот на денот, добро да се покрие телото и да се користат заштитни средства против сонце. бд/лв/

Фото: Институт за јавно здравје

Остани поврзан