• сабота, 23 ноември 2024

Ишингер: За „Северен поток 2“ топката мора да биде на половината на Русија

Ишингер: За „Северен поток 2“ топката мора да биде на половината на Русија
5 март 2021 Шпигел - Берлин Новиот претседател на САД, Џо Бајден и другите говорници минатиот петок на Минхенската безбедносна конференција, што се одржа во посебен формат оваа година, јасно ставија до знаење дека се подготвени да ги обноват трансатлантските односи. Сите тие најавија нови односи во трансатлантското партнерство, како и одлучност за заеднички одговор на глобалните предизвици како што се пандемијата и климатските промени. Се разбира, дека може да се чита и дека тоа што е неспомнато е толку важно колку и тоа што е спомнато. неспомнатиот може да се смета за важен како и споменатиот. Колку и да е чудно, една од контроверзните точки не беше спомената во говорите: Станува збор за изградба на гасоводот „Северен поток 2“. Иако оваа тема не се вклопува во помирливата реторика на настанот, таа е еден од најсложените предизвици на денешната германска надворешна политика, која треба да биде разгледана под итно. Во спротивно, проблемот се заканува да се претвори во сериозна дипломатска катастрофа, што може сериозно да ги наруши нашите односи со нашите источни соседи, со Европската Унија и посебно со САД. Дали гасоводот е приватен проект или не е ирелевантно од гледна точка на надворешната политика. Она што е важно денес е како се перципира проектот. А, на меѓународна сцена, гасоводот се смета за важно политичко и стратешко прашање, кое ја заплашува децениска доверба кон Германија и нејзините напори за зајакнување на европското единство и трансатлантската заедница. Берлин мора да го сфати ова многу сериозно! Како што често се случува во надворешната политика, навистина нема добро решение за оваа ситуација. Но, исто така е јасно дека игнорирањето на растечката меѓународна критика е исклучително лоша одлука. Дури и ако Берлин може да ги издржи критики од ЕУ, Белата куќа, само неколку недели откако Џо Бајден стапи на должност, сигурно нема да сака да остави впечаток дека спроведува помека политика кон Москва. Како и во случајот со Кина, во американскиот Конгрес постои широк и силен консензус против „Северен поток 2“, што Белата куќа тешко може да го игнорира. Со други зборови, ако Берлин продолжи да дејствува во истиот дух како ништо да не се случило, можно е трансатлантскиот меден месец наскоро да заврши, па дури и пред да се воспостават новите трансатлантски односи засновани на доверба. Но, исто така, би било лоша одлука да се запре изградбата на гасоводот со указ од Владата во Берлин со толкаво задоцнување. Од една страна, ова би довело до скапи процеси за наплата на штетите, како и до замрзнат гасовод од неколку милијарди евра на дното на Балтичко Море. Од друга страна, не може да се игнорира фактот дека на Германија и другите европски партнери ќе им треба руски гас за многу години. Со децении, Германија можеше да претпостави дека Русија е и останува сигурен снабдувач, која никогаш не ја користела испораката на гас за Германија и за другите земји-членки на НАТО за политички цели. Ако Берлин сега, од политички причини, го закопа проектот за гасоводот, тогаш Русија, најверојатно нема да се плаши да одговори на тоа. Како алтернатива   на тоа се предлага мораториум за изградба на гасоводот. Но, што точно може да даде таков мораториум? Ако укинувањето на мораториумот сакаме да го поврземе со промените во руската политика или руското однесување, ќе паднеме во класичната стапица, која секогаш произлегува од такви црвени линии. На крајот, ако Русија одбие да ги исполни нашите барања, мораториумот брзо ќе се претвори во долгорочно замрзнување на проектот, во спротивно Берлин ќе го изгуби своето влијание. Има уште едно, помалку непривлечно решение: Да се дозволи гасоводот да биде завршен, но во договор со ЕУ да ја поврзе својата работа со однесувањето на Русија. За да се направи тоа, би можече да ги разгледаме следните три чекори. Прво, Берлин, во консултација со ЕУ, може да предложи создавање механизам за итно запирање. На пример, може да се вклучи итен застој доколку Русија одбие да ги исполни своите обврски за идна употреба на украинската инфраструктурата за транзит на гас. Таквото итно стопирање не би била ништо повеќе од мерка за градење доверба за односите со Киев, Варшава, Брисел и Вашингтон. Второ, Германија може да предложи евроатлантски енергетски договор. Таквиот мултилатерален план, кој ќе ги вклучува ЕУ, нашите источноевропски соседи и нашите трансатлантски партнери, може да послужи за три цели, имено: - материјална и технолошка поддршка за паневропска трансформација на енергетскиот сектор во обновливи извори на енергија; - зајакнување на интеграцијата на европскиот пазар за гас; - зајакнување на поддршката за развојот на Украина. Трето, Берлин може да го извести „Газпром“, главниот изведувач и сопственик на гасоводот, дека отпорот кон проектот, како во германските политички кругови, така и во меѓународната арена, стана толку силен што федералната Влада не гледа можност за отворање на чешмата откако ќе биде изграден гасоводот. Берлин може да посочи дека билатералните односи со Русија ја достигнаа најниската точка. Има многу причини за тоа: сериозните хакерски напади, кампањата со дезинформации и бесот на јавноста за однесувањето на Русија во случајот Навални и убиствата нарачани од Русија на териториите на земји-членки на ЕУ и неподготвеноста на Русија да најде политички решенија за крвавите конфликти , на пример во Донбас или во Грузија. Пораката до „Газпром“ мора да биде јасно формулирана, дека во таква ситуација Москва да е во состојба да создаде предуслови и атмосфера за Берлин да даде зелено светло за пуштање во употреба на гасоводот. Така топката ќе биде таму каде што треба, имено на страната на Москва. Во секој случај, Берлин мора да ги координира своите понатамошни активности со ЕУ и со партнерите. На таков начин, ќе биде можно да се поттикне развојот на нова трансатлантска доверба и тешкиот камен околу вратот на Германија да се претвори во интересен поттик за стратешки и конструктивен дијалог помеѓу Истокот и Западот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан