ИЦГБ: Гасоводното поврзување меѓу Бугарија и Грција ќе стапи на сила на 1 јули следната година
- Гасоводното поврзување меѓу Бугарија и Грција ќе стапи на сила на 1 јули следната година, изјави за БТВ шефицата на компанијата што ја изгради гасоводната врска ИЦГБ (ICGB), Теодора Георгиева

Софија, 4 октомври 2021 (МИА) - Гасоводното поврзување меѓу Бугарија и Грција ќе стапи на сила на 1 јули следната година, изјави за БТВ шефицата на компанијата што ја изгради гасоводната врска ИЦГБ (ICGB), Теодора Георгиева.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, изградбата траела 12 години, a биле вложени 24 милиони евра капитални инвестиции.
- Европското финансирање за проектот беше 40 милиони евра. Финансирањето беше целосно завршено во 2019 година. Секоја транша беше контролирана од независна компанија, а истото важи и за грантовите, рече Георгиева.
Според неа, градежништвото не се развива доволно брзо поради пандемијата.
Георгиева смета дека интерконекторот меѓу Бугарија и Грција ќе профункционира на 1 јули следната година.
„Ова е геополитички проект, година и пол бевме блокирани. Ги контактиравме службите за обиди за блокирање за да можат да ги направат проверките, рече Георгиева. нк/паг/