Итна евакуација во трговски центар во Санкт Петербург, маж пријавил дека подметнал експлозив
- Во Санкт Петербург се евакуирани посетителите и вработените во трговскиот центар „Лондон мол“.

Санкт Петербург, 24 март 2024 (МИА) - Во Санкт Петербург се евакуирани посетителите и вработените во трговскиот центар „Лондон мол“.
Како што пренесува Б92, маж повикал полиција и рекол дека наводно подметнал експлозив во трговскиот центар „Лондон мол“ на улицата Колонтај.
Тој е приведен, но не сакал да каже каде го поставил експлозивот.
Зградата во моментов ја прегледуваат експерти за експлозиви. паг/
Фото: МИА архива