• вторник, 26 ноември 2024

Итен состанок на НАТО поради потегот на САД

Итен состанок на НАТО поради потегот на САД
Брисел, 22 мај 2020 (МИА) - Амбасадорите на земјите членки на НАТО во Брисел закажаа за денеска попладне итен состанок откако САД најавија повлекување од меѓународниот договор „Отворено небо“, соопштија дипломатски извори. - Состанокот е закажан за денеска попладне, на кој ќе бидат анализирани последиците од одлуката која ја најави американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи дека Русија не го почитувала договорот и затоа САД, исто така, нема да го почитуваат и ќе се повлечат, наведуваат дипломатските извори. Според изворите, американската одлука е критикувана во Алијансата и „сите сојузници побарале од САД да останат во договорот“. Договорот „Отворено небо“ (Open Skies Teraty) веќе две децении овозможува извидувачки летови на невооружени авиони над териториите на 34 земји потписнички, што првично требаше да ја зајакне довербата и да овозможи спречување американско-руски конфликти. гт/

Остани поврзан