Италија: За 24 часа 49 жртви oд Ковид-19
- Во Италија во изминатите 24 часа починаа 49 лица од новиот коронавирус. Во таа држава досега се регистрирани вкупно 197 жртви од тој вирус, соопшти италијанската Цивилна заштита.
Рим, 4 март 2020 (МИА) - Во Италија во изминатите 24 часа починаа 49 лица од новиот коронавирус. Во таа држава досега се регистрирани вкупно 197 жртви од тој вирус, соопшти италијанската Цивилна заштита.
Италија, по Кина, е најпогодена држава по број на смртни случаи од вирусната пневмонија и четврта по број на заразени по Кина, Јужна Кореја и Иран.
Повеќе од 100.000 луѓе се заразени од Ковид-19 ширум светот. зш/