• петок, 05 декември 2025

Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени

Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени

Лоѓ, 28 јули 2025 (МИА) - Италијанската женска одбојкарска репрезентација ја освои Лигата на нации во 2025 година. Во финалето, италијанските одбојкари синоќа во Лоѓ (Полска) ја победија репрезентацијата на Бразил со 3:1 (22:25, 25:18, 25:22, 25:22).

Италија ја освоија Лигата на нации втора година по ред. Минатата година, во финалето ја победија јапонската репрезентација, исто така со 3:1.

Бронзата и припадна на Полска која ја победи Јапонија со 3:1 (25:15, 24:26, 25:16, 25:23). зс/

Фото: Фејсбук „fivb“

Остани поврзан