• недела, 24 ноември 2024

Италија/Ковид-19: Националниот карантин продолжен до 12 април

Италија/Ковид-19: Националниот карантин продолжен до 12 април
Рим, 30 март 2020 (МИА) - Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца рече дека националниот карантин наметнат за ограничување на ширењето на коронавирусот ќе биде продолжен барем до Велигден, јави ДПА. Велигден за католиците е оваа година на 12 април, а тековните рестриктивни мерки истекуваат на 3 април. 13 април во Италија е неработен ден. Министерот рече дека одлуката за продолжување на карантинот е по препорака на научните советници на кабинетот. - Владата ќе оди во таа насока, додаде Сперанца. Италија е најтешко погодена од епидемијата на коронавирусот. Во неа се регистрирани една третина од смртните случаи во светот. Од почетокот на епидемијата, што почна во северните региони на 21 февруари, во Италија починаа 11.591 луѓе. зш/

Остани поврзан