• недела, 22 декември 2024

Италија и Словенија ја продолжуваат вакцинацијата со АстраЗенека

Италија и Словенија ја продолжуваат вакцинацијата со АстраЗенека

Љубљана, 18 март 2021 (МИА)Словенија и Италија од утре ќе продолжат да ја користат вакцината на „АстраЗенека“ против коронавирус, по извештајот на Европската агенција за лекови (ЕМА) во кој се проценува дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците.

Во Словенија ќе се вакцинираат државниот врв, претседателот Борут Пахор, претседателот на Националното собрание Игор Зорчиќ, премиерот Јанез Јанша и претседателот на Националниот совет Алојз Ковшц. 

Италијанскиот премиер Марио Драги рече дека останува приоритет на Владата да вакцинира повеќе луѓе што е можно поскоро.

   

Остани поврзан