• четврток, 26 декември 2024

Италија ги осуди бомбашките напади во Кабул

Италија ги осуди бомбашките напади во Кабул
Рим, 26 август 2021 (МИА) – Италија „најостро ги осудува“ бомбашките напади на аеродромот во главниот град на Авганистан, Кабул, напиша министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо на Твитер. - Ниту еден Италијанец не е повреден во нападите во Кабул … Изразувам сочувство до оние што го загубија животот и мојата солидарност со ранетите. Италија остро ги осудува нападите, напиша Ди Мајо. Италија продолжува со евакуација на свои државјани од Авганистан со авиони. јт/

Остани поврзан