• петок, 20 декември 2024

Италија ги затвори своите пристаништа за руските бродови

Италија ги затвори своите пристаништа за руските бродови
Рим, 16 април 2022 (МИА) - Во согласност со санкциите што Европската унија и ги воведе на Русија, Италија донесе одлука да им забрани на руските бродови да влегуваат во италијанските пристаништа од утре, 17 април, објавија денеска италијанските медиуми. Повикувајќи се на циркуларното писмо на главната команда на пристанишните власти на Италија, агенцијата АНСА денеска објави дека забраната ги опфаќа и руските бродови кои го промениле знамето под кое пловат по 24 февруари. „Руските бродови закотвени во Италија мора да ги напуштат италијанските пристаништа веднаш по завршувањето на нивните деловни активности“, се наведува во извештајот на АНСА. Во петтиот пакет санкции против Русија, ЕУ им забрани на европските компании да купуваат јаглен и нафтени шкрилци од Русија, но го одложи активирањето на таа одлука за август годинава. Италија, исто така, одлучи да го забрани патниот превоз за камиони на компании од Русија и Белорусија. паг/  

Остани поврзан