• четврток, 26 март 2026

Италијанско МНР: Најмалку 40 загинати и 100 повредени во експлозијата во познатиот швајцарски ски-центар

Италијанско МНР: Најмалку 40 загинати и 100 повредени во експлозијата во познатиот швајцарски ски-центар

Берн, 1 јануари 2025 (МИА) - Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека проверува дали има италијански државјани меѓу загинатите или повредените во пожар во Швајцарија. Повикувајќи се на локалните власти, соопшти дека најмалку 40 лица загинале, додека околу 100 лица се повредени.

Швајцарските власти сè уште не го потврдија точниот број на смртни случаи. На прес-конференција, шефот на полицијата зборуваше за неколку десетици мртви.

Италијанското Министерство, исто така, изјави дека многу од жртвите не можат да бидат идентификувани во моментов поради тешки изгореници на нивните тела.

Италијански хеликоптер за цивилна заштита со спасувачка екипа беше исто така распореден за да им помогне на локалните власти. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан