• четврток, 04 декември 2025

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин

Тирана, 28 септември 2025 (МИА) - Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.

Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.

Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.

Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога. вт/ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан