• вторник, 03 декември 2024

Италијанската влада го подготвува десеттиот пакет воена помош за Украина

Италијанската влада го подготвува десеттиот пакет воена помош за Украина

Рим, 3 декември 2024 (МИА) - Владата на италијанската премиерка Џорџа Мелони подготвува декрет за својот десетти пакет воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија, објави денеска италијанската новинска агенција АНСА, повикувајќи се на свои извори.

Декретот ќе и овозможи на Италија да продолжи да испраќа оружје и опрема во Киев и следната година.

Најновиот пакет воена помош беше одобрен во јули. Во него Италија по втор пат го вклучи обезбедувањето на системот за противвоздушна одбрана САМП/T. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан