Исчистен кеј на реката Вардар во Велес и обраснато зеленило покрај велешкото езеро „Младост“
- Екипи на ЈКП „Дервен“ во текот на вчерашниот ден го исчистија кејот на реката Вардар во централното градско подрачје на Велес.
Велес, 20 септември 2022 (МИА) - Екипи на ЈКП „Дервен“ во текот на вчерашниот ден го исчистија кејот на реката Вардар во централното градско подрачје на Велес.
Воедно извршија кастрење и кроење на обраснато зеленило на патеките и кај детското инклузивно игралиште кај велешко Езеро „Младост“, кое беше целосно обраснато со трева.
Во рамки на чистењето на велешките улици темелно беше исчистен и просторот на улиците „Лазо Осмаков“ и „Архиепископ Михаил“.
-Апелираме до граѓаните при посетата на овие рекреативни центри да се грижат за животната средина и сметот што го прават при нивна посета да го фрлат во поставените канти за отпадоци, велат од ЈКП „Дервен“. ад/дма/