• четврток, 21 ноември 2024

Истражување: Четвртина од вработените во Србија би прифатиле помала плата за работа од дома

Истражување: Четвртина од вработените во Србија би прифатиле помала плата за работа од дома

Белград, 2 ноември 2024 (МИА) - Околу 23 проценти од вработените во Србија би прифатиле намалување на платата за да ја задржат можноста да работат од дома, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од платформата Осигуреник, во соработка со Инфостуд, пренесува Бета.

Истражувањето откри дека 65 проценти од помладите испитаници би барале нова работа доколку нивниот работодавач ја укине можноста за работа од дома, додека повозрасните испитаници не се подготвени за таков ризик.

Приближно 26 проценти од вработените во Србија имаат можност за работа на далечина. Околу два проценти работат исклучиво од дома, шест проценти одбираат таков начин на работа без ограничувања, а 18 проценти можат да работат од дома само во одредени ситуации.

Во истражувањето учествувале 744 менаџери и сопственици на компании и 2.710 вработени. ссм/

фото: архива

Остани поврзан