• среда, 04 декември 2024

Истражување: Секое трето дете во светот страда од миопија

Истражување: Секое трето дете во светот страда од миопија

Лондон, 25 септември 2024 (МИА) - Глобално истражување во кое учествуваа повеќе од пет милиони деца и тинејџери од 50 земји на сите шест континенти покажа дека нивниот вид постојано се влошува со текот на времето, поради што денес секое трето дете боледува од миопија или не гледа јасно предмети во далечина.

Истражувачите велат дека ограничувањата наметнати за време `на пандемијата на коронавирусот имаа многу негативен ефект врз развојот на видот кај децата и тинејџерите, со оглед на тоа што тие поминуваа многу повеќе време пред екрани, а многу малку на отворено.

Миопијата, или кратковидоста, станува се поголем јавно здравствен проблем на глобално ниво што ќе влијае на уште милиони деца до 2050 година, предупредува студијата.

Највисоки стапки на миопија кај децата се забележани во Азија - 85 отсто од децата страдаат од миопија во Јапонија и 73 отсто во Јужна Кореја, а повеќе од 40 отсто од нив во Кина и Русија.

Најниска стапка на миопија е забележана кај младите во Парагвај и Уганда - околу еден процент, а во Обединетото Кралство, Ирска и САД од неа страдаат околу 15 проценти од тинејџерите и помалите деца.
Истражувањето покажа дека миопијата кај младите се тројно зголемена помеѓу 1990 и 2023 година, искачувајќи се на 36 проценти, а „значителен пораст“ на кратковидоста кај децата е забележан особено по пандемијата на коронавирусот. зш/

Остани поврзан