• петок, 27 декември 2024

Истражување: Од младите 58 проценти би се иселиле, 64,8 незадоволни од местото во државата

Истражување: Од младите 58 проценти би се иселиле, 64,8 незадоволни од местото во државата
Скопје, 22 март 2022 (МИА) - Педесет и осум проценти од младите би се иселиле од државата, а 64,8 проценти се незадоволни од своето место во државата, покажуваат податоците од истражувањето изработено од Фондацијата за демократија на Вестиминстер, на кој учествувале околу 1 000 испитаници. Петар Барлаковски, претседател на Младински образовен форум на денешната конференција на тема „Да кажеме СТОП на иселувањето на младите“, во организација на Прогрес – Институтот за социјална демократија, истакна дека она што може да се увиди е дека за жал има голем број млади луѓе кои сакаат да си заминат од државава и висок степен и процент на незадоволство помеѓу младите од тоа што државата не придонесува за подобрување на младинскиот стандард. Барлаковски презентира и истражување изработено од МОФ изминатата година во кое учествувале околу 800 испитаници, од кое податоците покажуваат дека 56,8 проценти од младите сметаат дека државата воопшто не придонесува за младите кои живеат во неразвиени рурални средини, а 61,4 проценти се изјасниле дека државата дополнително не придонесува за младите кои живеат сиромаштија. - Што ни кажува ова? Прво, дека имаме висок степен на младинско незадоволство во врска со тоа како државните власти се грижат за оваа категорија на луѓе и второ, дека имаме огромна дискрапанца помеѓу кои можности и потреби ги имаат младите на локално ниво и на централно ниво. Оттука, кога се креираат политики, она што е важно да се направи е пред се да се направи добра анализа согласно потребите и можностите кои ги имаат младите и покрај тоа што треба да се направат мерки на национално ниво, дополнително е потребно да се направат мерки на локално ниво поради тоа што потребите на младиот човек во Скопје со младиот човек во некоја рурална средина се навистина многу различни, изјави Барлаковски.фф/лв/

Остани поврзан