Истражување: Лани во Србија регистрирани 317 напади врз бранители на човекови права
- Во претходната година, во Србија се регистрирани 317 напади врз бранители на човекови права, објавија денеска Комитетот на адвокати за човекови права ЈУКОМ и Белградскиот центар за безбедносна политика (BCBP), кои го спроведоа истражувањето.
Белград, 11 март 2026 (МИА) - Во претходната година, во Србија се регистрирани 317 напади врз бранители на човекови права, објавија денеска Комитетот на адвокати за човекови права ЈУКОМ и Белградскиот центар за безбедносна политика (BCBP), кои го спроведоа истражувањето.
Според тој извештај, полицијата извршила најмногу напади врз активисти, околу 32 проценти, а медиумите извршиле напади во 21 процент од случаите.
Евидентирани се 51 процент од физички напади, а во 31 процент од случаите имало електронски напади.
Според тој извештај, повеќето напади во претходната година се случиле во градови надвор од Белград, 67 проценти и 33 проценти во Белград.
Во споредба со 2024 година, бројот на напади врз активисти се зголемил за 151 процент, а за таа година во извештајот се регистрирани 126 напади.
Истражувањето не вклучува напади врз новинари, но дека за тоа постои посебно истражување „бидејќи имало многу напади“.
Директорот за истражување во ЈУКОМ, Милан Филиповиќ, на прес-конференција изјави дека извештајот утврдил дека голем број полицајци, кои се претставувале како такви, всушност не биле полицајци, туку поддржувачи на властите.
Тој додаде дека е создаден нов шпионски софтвер каде што повеќе од 600 активисти го пронашле тој софтвер во своите телефони, и како што тврди, може да има повеќе од 1000 луѓе кои нелегално инсталирале софтвер. зш/јт/