• понеделник, 23 декември 2024

Истражување: Две третини од луѓето во светот имаат „хеликобактер пилори“ и тоа значи поголема опасност од Алцхајмерова болест

Истражување: Две третини од луѓето во светот имаат „хеликобактер пилори“ и тоа значи поголема опасност од Алцхајмерова болест

Монтреал, 29 декември 2023 (МИА) - Според истражување на Универзитетот „Мекгил“ во Монтреал, Канада, двајца од тројца луѓе ширум светот имаат бактрија „хеликобактер пилори“ и тоа може да ја зголеми веројатноста за Алцхајмерова болест до 24 отсто, пишува „Тајмс“.

Тоа претставува „умерена, но значителна опасност“ велат научниците. Пол Брасард, еден од авторите на научниот труд, земајќи го предвид факторот на стареењето на населението, предвидува дека бројот на заболени од деменција ќе се зголеми тројно следните 40 години.

Стручњаците не можат точно да кажат како „хеликобактер пилори“ е поврзана со Алцхајмеровата болест, но се претпоставува дека таа бактерија би можела да оди до мозокот, каде што предизвикува воспаление на клетките и невродегенерација. си/рп/

Фото: Википедија

Остани поврзан