• недела, 22 декември 2024

Истрага против битолчанец осомничен за фалисфикување на пари

Истрага против битолчанец осомничен за фалисфикување на пари
Скопје, 1 ноември 2021 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истрага против битолчанец осомничен за фалсификување пари. Како што информираат од ЈО, осомничениот, на 7 октомври, од засега непознато лице во близина на Бит Пазар прибавил лажни пари со намера да ги пушти во оптек. - Прибавените 18 банкноти во апоени од по 500 евра, во денарска противвредност од вкупно 558.000 денари, се обидел да ги размени во менувачница на улицата „Белградска“ во Скопје. Сопственикот на менувачницата забележал дека банкнотата која му била дадена да ја размени не е вистинска и веднаш пријавил, а полициските службеници кај пријавениот ги пронашле и другите лажни банкноти, стои во соопштението од ЈО. Се дополнува дека јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да влијае врз сведоците или да го повтори делото.​ ар/лв/

Остани поврзан