• четврток, 04 декември 2025

Истрага за недозволена трговија со дрога во Струга

Истрага за недозволена трговија со дрога во Струга

Струга, 11 септември 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, при претрес во домот на осомничениот во селото Луково, како и во неговиот автомобил, полицијата пронашла 166 грама марихуана и шприцеви со 9 милилитри хашиш масло, како и дополнителни количества растителна материја во тегли која ќе биде предмет на вештачење. Дрогата била наменета за натамошна неовластена продажба.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан