• сабота, 05 октомври 2024

Истрагата потврди дека Пригожин е меѓу жртвите во авионската несреќа во Русија

Истрагата потврди дека Пригожин е меѓу жртвите во авионската несреќа во Русија

Москва, 27 август 2023 (МИА) - Шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин е меѓу жртвите во авионската несреќа во Русија, потврди денеска генетското вештачење спроведено од руските истражни органи.

На крајот од „генетското вештачење“ било утврдено дека идентитетот на десетте жртви чии тела биле пронајдени по урнувањето на авионот „одговараат на списокот“ на патниците и членовите на екипажот на авионот, меѓу кои бил и Пригожин, се наведува во соопштението на Истражната комисија.

Истражителите на 25 август објавија дека ги пронашле и црните кутии со податоци за летот на авионот што се урна на 23 август. рп/

Фото: Скриншот Ал Џазира

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан