• недела, 22 декември 2024

Истече рокот за приговори до ДИК, поднесени вкупно 2.141 приговори за сумирање и утврдување на резултатите

Истече рокот за приговори до ДИК, поднесени вкупно 2.141 приговори за сумирање и утврдување на резултатите
Скопје, 18 јули 2020 (МИА) - До Државната изборна комисија вечерва до 19:30 часот кога истекува рокот поднесени се вкупно 2.141 пригобори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите. Попладнево пред истекот на рокот  1982 приговори поднеле од Левица, а порано денеска Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива поднела 77 приговори. Претходно до синоќа беа поднесени 82 приговара, од кои најголем број - 74, се исто така од Алијанса за Албанците, но има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето. СДСМ, како што најави, нема поднесено приговори за овие избори. Синоќа во 21 часот, пак, заврши рокот за поднесување приговори за постапката за гласање. Роковите за приговори почнаа да течат завчера вечер, откако ДИК ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите. По завршувањето на роковите за поднесување приговори, ДИК се очекува да закаже седница утре, а нјдоцна во понеделеник на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, по нив. ев/вг/      

Остани поврзан