• вторник, 14 мај 2024

Истекува рокот за објавување на условите за користење на места за изборни плакати

Истекува рокот за објавување на условите за користење на места за изборни плакати

Скопје, 4 март 2024 (МИА) – Денеска завршува рокот во кој општините се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.

Според Роковникот од Државната изборна комисија (ДИК), општините се задолжени да ги објават условите најдоцна 50 дена пред одржувањето на изборите, односно најдоцна до денеска, до полноќ.

Во тек е и увидот во Избирачкиот список, како и пријавите за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни и претседателски избори. Според официјалната страна на ДИК, досега се пристигнати вкупно 433 пријави од дијаспората, од кои најмногу има од Германија – 68 и од Словенија - 57.

Согласно Роковникот од ДИК, јавниот увид во Избирачкиот список завршува на 18 март, додека доставувањето на пријавите за гласање на изборите од гласачи од дијаспората е до 20 март. свс/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан