• понеделник, 23 декември 2024

Истанбулското обвинителство подигна обвиненија против 20 лица поради убиството на Кашоги

Истанбулското обвинителство подигна обвиненија против 20 лица поради убиството на Кашоги
Анкара, 25 март 2020 (МИА)  -  Обвинителството на Истанбул подигна обвиненија против 20 лица осомничени  поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во октомври 2018 година. Против 18 Саудијци покренато е обвинение за „убиство со предумисла“, а  двајца се обвинети за  „потикнување на убиство“. Двајцата обвинети за „поттикнување на убиство“ се Сауд ал Кахтани, советник на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и поранешниот прв човек на саудиското разузнавање генерал Ахмед  ал Асири . Другите 18 лица се обвинети за извршување на убиството на Кашоги. На 2 октомври 2018 година Кашоги влезе во Амбасадата на Саудиска Арабија во Истанбул и оттогаш му се губи секаква трага. Тој беше познат критичар на саудиската власт. На 20 октомври официјален Ријад призна дека новинарот е убиен во Амбасадата. ми/

Остани поврзан