• понеделник, 23 декември 2024

„Испејс“ не успеа да го спушти своето прво вселенско летало на Месечината

„Испејс“ не успеа да го спушти своето прво вселенско летало на Месечината

Токио, 26 април 2023 (МИА) - Уште еден обид на приватна компанија да спушти вселенско летало на Месечината не успеа, откако јапонската „Испејс“ објави дека изгубиле контакт со вселенското летало „Хакуто-Р мисија 1“ (М1). Сепак, јапонската Влада ја охрабрува и поттикнува новата компанија да продолжи со обидите.

- Ја изгубивме комуникацијата, па мораме да претпоставиме дека не можеме да го завршиме слетувањето на површината на Месечината, истакна основачот и извршен директор на „Испејс“, Такеши Хакамада.

Ова е втор неуспех во една недела за развојот на светската приватна индустрија за вселенска технологија, откако ракета „Старшип“ на „Спејс-Икс“ од САД, експлодира неколку минути по полетувањето.

Ниту една приватна компанија сѐ уште не успеала да спуштри летало на природниот сателит на Земјата. Во тоа досега успеаја само властите на САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина, а обидите на Индија и приватна компанија од Израел, последниве години беа неуспешни.

Јапонија има големи амбиции да изгради домашна индустрија за вселенска технологија. Дел од сѐ тоа е и испраќањето јапонски астронаути на Месечината до крајот на 2020-тите...

А, еден од најголемите неуспеси во оваа смисла, се случи во март, кога Јапонската агенција за вселенски истражувања (ЈАКСА) ја загуби својата нова ракета „Х-3“ со принудно рачно уништување откако стигна во Вселената. И тој настан се случи пет месеци откако ракетата „Епсилон“, исто така - на ЈАКСА, доживеа неуспех при лансирањето.  си/

Фото: ЕПА

Остани поврзан