• недела, 24 ноември 2024

Исламскиот совет на Британија и премиерот Џонсон го осудија нападот врз писателот Салман Ружди

Исламскиот совет на Британија и премиерот Џонсон го осудија нападот врз писателот Салман Ружди
Лондон, 12 август 2022 (МИА) - Исламскиот совет на Велика Британија го осуди нападот врз писателот Салман Ружди, кој денеска беше избоден со нож во вратот во американската сојузна држава Њујорк „Таквото насилство е погрешно. Напаѓачот мора да биде изведен пред лицето на правдата“, објавија од Советот преку Твитер. Исламистичките организации и Иран со години му се закануваат со смрт на Ружди заради неговиот објавен роман „Сатански стихови“ што го сметаат еретички. За бруталниот напад се огласи и британскиот премиер Борис Џинсон. „Згрозен сум од фактот што Сер Салман Ружди е прободен додека го користел правото што никогаш не смее да престанеме да го браниме. Моите мисли се со неговите најмили. Сите се надеваме дека ќе биде добро“, напиша Џонсон на Твитер. Писателот Ружди моментално е во операциска сала, објавуваат агенциите повикувајќи се на изјава на неговиот агент. Се уште не се знае во каква состојба е, но е познато дека здобил повеќе убодни рани од кои една во десниот дел на вратот. аб/

Остани поврзан