• петок, 22 ноември 2024

Искусниот Глишиќ потпиша за Гостивар

Искусниот Глишиќ потпиша за Гостивар

Гостивар, 13 јуни 2024 (МИА) - Македонскиот фудбалер Дарко Глишиќ денеска е промовиран како најново засилување на Гостивар.

Искусниот бек на крајот на минатата сезона го напушти Вардар, а дресот на „црвено-црните“ го носеше од 2021 година.

Во сезоната 2023/2024 настапи на 34 натпревари на кои постигна 4 гола и забележа 7 асистенции.

Тој во досегашната кариера освен во Македонија има настапувано во БиХ, Грузија, Бугарија и Кипар.

Составот на Гостивар, пак, претходната кампања ја заврши на шестата позиција на табелата со 42 бода, а следната ќе цели на повисок пласман. дс

Фото: ФК Гостивар

Остани поврзан