Исклучително тесна изборна трка во Финска: Десничарската опозиција на Орпо со мала предност пред социјалдемократите на премиерката Марин
- Според првичните податоци од гласањето, десничарската опозициска Национална коалициска партија на Петери Орпо води со 20,8 отсто, а финската Социјалдемократска партија на премиерката Сана Марин е речиси израмнета со 20,7 отсто од гласовите, наведуваат британските медиуми.

Хелсинки, 2 април 2023 (МИА) – Во Финска предмалку заврши гласањето за парламентарните избори, а во моментов се пребројуваат гласачките ливчиња, пренесуваат британските медиуми.
Според првичните податоци од гласањето, десничарската опозициска Национална коалициска партија на Петери Орпо води со 20,8 отсто, а финската Социјалдемократска партија на премиерката Сана Марин е речиси израмнета со 20,7 отсто од гласовите, наведуваат британските медиуми.
На трето место е националистичката, евроскептична и антиимигрантска партија „Финци“, на Рика Пура со 18,6 отсто. сд/