• петок, 22 ноември 2024

ИСВ: Русија веројатно сама го организирала нападот на Кремљ

ИСВ: Русија веројатно сама го организирала нападот на Кремљ

Вашингтон, 4 мај 2023 (МИА) - Американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ) вели дека Москва би можела да го искористи нападот врз Кремљ, за кој вели дека Русија „веројатно“ сама го организирала, за да ги ограничи или откаже настаните за Денот на победата, на 9 мај.

„Кремљ би можел да го искористи нападот за да го оправда откажувањето или дополнителното ограничување на прославите на 9 мај, дејствија кои најверојатно ќе ги интензивираат информациите за војната во Украина да се обликува како директна закана за почитувањето на Русија кон историските настани. Институтот претходно оцени дека Русија користи низа мерки за да ја означи војната во Украина како егзистенцијално прашање за домашната публика во Русија и да се подготви за поширока социјална мобилизација“, објави ИСВ. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан