• недела, 22 декември 2024

Ирскиот премиер Сајмон Харис најави општи избори за 29 ноември

Ирскиот премиер Сајмон Харис најави општи избори за 29 ноември

Даблин, 7 ноември 2024 (МИА) - Премиерот на Република Ирска, Сајмон Харис, најави дека општите избори во таа земја ќе се одржат на 29 ноември.

Според истражувањето, неговата центристичка партија „Фин Гаел“ и коалициската партнерка Фиана Фаил имаат големи шанси да добијат четврти мандат, пишува Гардијан.

-Целта ми е да побарам распуштање на парламентот в петок и се надевам дека ќе имаме ден за гласање на 29 ноември, изјави Харис за јавниот сервис РТЕ, додавајќи дека претседателот и формално ќе го потврди датумот.

Харис ова го соопшти еден ден пред состанокот на лидерите на ЕУ во Будимпешта, каде победата на републиканскиот претседателски кандидат на САД Доналд Трамп на изборите ќе биде клучно прашање, со оглед на загриженоста на Ирска за влијанието на новиот американски претседател врз земјата која е силно зависна од американските технолошки компании за вработување. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан