• петок, 14 март 2025

Ирска очекува да ги вакцинира ранливите групи до 2021 година

Ирска очекува да ги вакцинира ранливите групи до 2021 година
Мадрид, 25 октомври 2020 (МИА) - Ирската Влада очекува да може да започне со вакцинирање на ранливите групи против Ковид-19 во првиот квартал или првата половина на 2021 година, изјави денеска вицепремиерот Лав Варадкар. - Јас сум сè пооптимист, како и Владата, дека вакцината ќе биде одобрена во следните неколку месеци и дека ќе биде можно да се започне со вакцинирање на оние кои се изложени на најголем ризик во првата половина или првиот квартал од следната година, рече Варадкар за радиото РТЕ. паг/  

Остани поврзан