• недела, 22 декември 2024

ИРГЦ вели дека нападот врз Израел е одговор на нападот врз конзуларниот комплекс во Дамаск

ИРГЦ вели дека нападот врз Израел е одговор на нападот врз конзуларниот комплекс во Дамаск

Техеран, 13 април 2024 (МИА) – Корпусот на Исламската револуционерна гарда издаде соопштение во кое го потврдува дека почнал напад врз Израел, велејќи дека тоа е одговор на нападот на ИДФ врз конзуларниот комплекс во Дамаск во кој беа убиени неколку членови на ИРГЦ, вклучително и двајца генерали.

ИРГЦ вели дека ќе погоди одредени цели во Израел со десетици дронови летала и проектили, наводно крстосувачки ракети, пренесе Тајмс оф Израел. јт/

Остани поврзан