• петок, 22 ноември 2024

Ирвинг: Сè уште имаме трошка надеж

Ирвинг: Сè уште имаме трошка надеж

Далас, 4 април 2023 (МИА) - Кошаркарот на Далас маверикс, Кајри Ирвинг верува дека сè уште има надеж за тимот да успее да избори учество во разигрувањето за титулата.

 

- Претрпевме тешки порази, емоционално сме исцрпени, но во исто време сме и професионалци. Најинтересно за ова е што сè уште имаме трошка надеж, трошка светлина на крајот од тунелот, каде што сè уште можеме да се провлечеме. Но, во исто време, јас сум мирен со трудот што го вложивме во играта. Треба само да можеме подобро да ги завршиме натпреварите како тим, го цитира Ирвинг „Далас њуз“.

 

Далас е уште на една победа од плејин зоната. Моментално е со биланс 37 победи и 42 порази, губејќи седум од последните осум натпревари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан