• четврток, 26 март 2026

Ирански и европски претставници ќе разговараат за можноста за нов договор меѓу Техеран и Вашингтон за прашањето за збогатувањето ураниум

Ирански и европски претставници ќе разговараат за можноста за нов договор меѓу Техеран и Вашингтон за прашањето за збогатувањето ураниум

Техеран, 14 мај 2025 (МИА) - Иран ќе се сретне во Истанбул со дипломати од Франција, Велика Британија и Германија за да разговараат за можноста за нов нуклеарен договор меѓу Техеран и Вашингтон, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, откако разговорите закажани за 2 мај беа одложени. 

Арагчи рече дека четвртата рунда разговори меѓу Иран и САД минатата недела била тешка, фокусирана на спорното прашање за збогатувањето на ураниум. Тој изрази надеж дека САД ќе заземат пореален став откако ќе покажат поголемо разбирање за главните аргументи на Иран. 

Се очекува Министерството за надворешни работи на Оман, кое посредува во разговорите од нивното започнување на 12 април, наскоро да објави датум за петтата рунда разговори. 

Арагчи, исто така, ја коментираше за изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп во Ријад, во која тој го нарече Иран „најразрушителната сила“ на Блискиот Исток. 

„За жал, ова е грешно гледиште. Вистинската пречка за напредокот на Иран се токму санкциите што ги воведоа САД“, рече Арагчи. рп/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан