• петок, 05 декември 2025

Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел

Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел

Техеран, 12 јуни 2025 (МИА) - Врховниот командант на иранските вооружени сили, генерал Мохамад Багери, нареди спроведување на воени вежби за зајакнување на одбранбените капацитети и оперативната готовност.

Вежбите се случуваат во услови на зголемени тензии со Израел, предизвикани од стравувањата од можен напад на иранските нуклеарни објекти.

Иран повеќе пати предупреди на жестока одмазда доколку Израел ја нападне неговата нуклeaрна инфраструктура, додека САД најавија намалување на персоналот во амбасадата во Ирак поради безбедносни закани.

Детали за опсегот и времетраењето на вежбите не се објавени.ссм/

фото: архива

Остани поврзан