Иран соопшти дека склучил договор за купување руски борбени авиони и хеликоптери
- Иранскиот заменик министер за одбрана Мехди Фарахи денеска изјави дека договорот за купување руски борбени авиони Су-35, хеликоптери и авиони за обука е во завршна фаза.

Техеран, 28 ноември 2023 (МИА) - Иранскиот заменик министер за одбрана Мехди Фарахи денеска изјави дека договорот за купување руски борбени авиони Су-35, хеликоптери и авиони за обука е во завршна фаза.
Мехди Фарахи изјави за новинската агенција Тасним дека Иран и Русија се стремат кон поблиска воена соработка, пренесува БТА. - Финализирани се плановите за купување на борбени авиони Сухој Су-35, борбени хеликоптери Ми-28 и авиони за обука Јак-130 кои ќе се приклучат на борбените единици на иранската армија, додаде тој.
Иранските воздухопловни сили имаат десетици воени авиони, вклучувајќи ги и руските и застарените американски модели купени пред Исламската револуција во 1979 година. ссм/
фото: архива