• сабота, 21 декември 2024

Иран повторно демантира дека испраќал балистички ракети во Русија

Иран повторно демантира дека испраќал балистички ракети во Русија

Техеран, 14 октомври 2024 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи ги демантираше наводите дека Иран испраќал балистички ракети во Русија за користење во војната во Украина.

- Јасно кажав и повторувам: не сме испратиле балистички ракети во Русија. Ако на Европа ѝ треба нешто за да ја смири израелската уцена, подобро е да најде друга приказна, нагласи Аракчи. ссм/

фото: архива

Остани поврзан