• недела, 22 декември 2024

Иран ги повика западните земји да не го одложуваат нуклеарниот договор

Иран ги повика западните земји да не го одложуваат нуклеарниот договор

Техеран, 8 мај 2023 (МИА) - Иранските власти денеска ги повикаа западните земји, особено САД, да не ги одложуваат преговорите за заживување на нуклеарниот договор, пет години по американското повлекување од тој меѓународен договор.

„Склучувањето на договорот е можно и технички и политички“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.

„Останатите страни, особено САД, одолговлекуваат и мора да покажат политичка одлучност“ во обновувањето на договорот, склучен во 2015 година, од кој САД се повлекоа на 8 мај 2018 година, за време на претседателот Доналд Трамп.

Пет години подоцна, продолжуваат напорните преговори меѓу Иран и големите сили кои го потпишаа договорот од 2015 година, а тоа се Кина, Русија, САД, Германија, Велика Британија и Франција.

Западните земји го критикуваа Иран откако на нуклеарната локација во таа земја беа пронајдени честички на ураниум збогатен до 83,7 отсто, што е речиси прагот за производство на атомско оружје.

„Иран го следи патоказот“ договорен за време на посетата на Гроси и воспоставени се оперативни процедури, рече Канани.

МААЕ треба да го разгледа ова прашање на следниот состанок на Советот на гувернери закажан за јуни во Виена. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан