• четврток, 21 ноември 2024

Иран апелира за воздржаност на Баку и Ереван

Иран апелира за воздржаност на Баку и Ереван
Техеран, 13 септември 2022 (МИА) - По судирот на ерменско-азербејџанската граница официјален Техеран упати апел за воздржаност на двете страни. - Техеран повика на воздржаност и мирно решавање на спорните прашања меѓу двете земји и изрази загриженост поради ескалацијата на тензиите и граничните спорови помеѓу Баку и Ереван, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Насер Канани. Тој додаде дека „какви и да било промени на границите“ се недозволени, при тоа истакнувајќи ја „неопходноста од зачувување на територијалната целост на двете држави. Иран на север граничи и со Ерменија и со Азербејџан. Во Иран има азербејџанската заедница, која брои над 10 милиони луѓе, како и ерменско малцинство (околу 100.000 луѓе). Според премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан во денешните судири на границата загинале најмалку 49 ерменски војници. Сè уште нема информации за евентуални жртви во редовите на азербејџанската армија. Ерменија и Азербејџан во изминатите 30 години двапати војуваа за Нагорно-Карабах. ми/

Остани поврзан