• вторник, 30 април 2024

Ирански медиуми јавија дека Техеран лансирал трет бран дронови кон Израел

Ирански медиуми јавија дека Техеран лансирал трет бран дронови кон Израел

Техеран, 13 април 2024 (МИА) – Медиумите поврзани со властите во Иран јавија дека Техеран лансирал трет бран дронови кон Израел.

Корпусот на Исламската револуционерна гарда претходно издаде соопштение во кое потврдува дека почнал напад врз Израел, велејќи дека тоа е одговор на нападот на ИДФ врз конзуларниот комплекс во Дамаск во кој беа убиени неколку членови на ИРГЦ, вклучително и двајца генерали.

„Како одговор на бројните злосторства на ционистичкиот режим, вклучително и нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, воздухопловните сили на ИРГЦ гаѓаа одредени позиции во окупираните територии со истрелување десетици проектили и беспилотни летала“, се вели во соопштението.

Остани поврзан