Ирански медиуми: Иран може да одржи нуклеарни разговори со три европски земји следната недела
- Иран, Велика Британија, Франција и Германија се согласија да одржат разговори за нуклеарната програма на Техеран следната недела, објавија денеска иранските медиуми.
Техеран, 20 јули 2025 (МИА) - Иран, Велика Британија, Франција и Германија се согласија да одржат разговори за нуклеарната програма на Техеран следната недела, објавија денеска иранските медиуми.
Објавата доаѓа по предупредувањата од трите европски земји дека доколку Иран не ги продолжи разговорите, тоа ќе доведе до повторно воведување меѓународни санкции врз земјата.
-Принципот на разговорите е договорен, но консултациите продолжуваат за времето и местото на овие разговори. Земјата каде што би можеле да се одржат разговорите следната недела не е конечно одредена, додаваат медиумите, повикувајќи се на официјален претставник во Техеран. мс/
фото: МИА архива