Ирански и израелски медиуми: Хакерски напад ја прекина работата на бензинските пумпи во Иран
- Хакерска група која Иран ја обвинува дека има врски со Израел соопшти дека извршила кибер напади кои ја прекинале работата на бензинските пумпи во Иран, објавија иранската државна телевизија и израелските локални медиуми.
Техеран, 18 декември 2023 (МИА) - Хакерска група која Иран ја обвинува дека има врски со Израел соопшти дека извршила кибер напади кои ја прекинале работата на бензинските пумпи во Иран, објавија иранската државна телевизија и израелските локални медиуми.
Иранскиот министер за нафта Џавад Оуџи изјави за иранската државна телевизија дека речиси 70 отсто од бензинските пумпи во Иран се прекинати и дека надворешното мешање е можна причина.
Иранската државна телевизија објави дека хакерската група „Предаторски врабец“ ја презела одговорноста за нападот.
„Кибер нападот беше извршен на контролиран начин за да се избегне потенцијална штета на службите за итни случаи“, се вели во соопштението на групата „Предаторски врабец“.
Иранската Агенција за цивилна одбрана, која е одговорна за кибер безбедноста на земјата, соопшти дека сè уште ги истражува можните причини за несреќата.
Иранските државни медиуми додаваат дека оваа хакерска група претходно ја презеде одговорноста за кибер нападите врз иранските бензински пумпи, железничките мрежи и челичарниците.
Во нападот, прекините на услугата почнаа рано утринава и особено се почувствуваа во главниот град Техеран, објавија иранските медиуми.
„Најмалку 30 отсто од бензинските пумпи работат, а останатите постепено го надминуваат прекинот на услугите“, рече Оуџи. паг/
Фото: МИА архива