• недела, 24 ноември 2024

Ирански воен брод вплови во Црвеното Море

Ирански воен брод вплови во Црвеното Море

Техеран, 1јануари 2024 (МИА) – Иранскиот воен брод „Алборз“ помина низ теснецот Баб ел Мандеб и навлезе во Црвеното Море, јави новинската агенција Тасним без да прецизира кога.

- Ирански воени бродови оперираат во регионот за да ги обезбедат поморските патишта од 2009 година, соопшти иранската агенција.

Јеменските Хути, поддржани од Иран, нападнаа повеќе од 20 бродови долж поморската рута во Црвеното Море во последните неколку недели, со цел да ја покажат својата поддршка за Хамас во војната со Израел.

Поради овие напади, многу големи бродски компании се одлучија за подолги и поскапи бродски рути околу ’ртот Добра Надеж во јужна Африка. јт/

Фото: Тасним

Остани поврзан